Се стега обрачот околу смртта на Марадона: Медицинска сестра, возач и лекар дале лажни искази

 

Медицинска сестра, лекар и возач се под истрага затоа што дале лажни сведоштва во врска со смртта на Марадона.

Марадона почина на 61 година од акутен белодробен едем, веднаш по операцијата за хематом на мозокот, а досега е утврдено дека тој постоел преку пропусти во третманот.

Прво, неговиот личен доктор бил на испитување кај обвинителот, а сега и неговиот возач исто така. Во прашање е Максимилијан Тримаки (44), кој сведочел дека не бил дома во моментите кога Марадона починал, а безбедносните камери и податоците од телефонот покажуваат нешто друго.

Утврдено е дека Тримаки лажел. Засега не се познати причините за неговите лаги, но интересно е тоа што неговата работа не подразбирала да му биде возач на Марадона.

Поради лагите, полицијата го пребарала неговиот стан. Одземени му биле телефонот и компјутерот, особено откако било забележано дека неколку пати влегувал во куќата во која починал Марадона, а лажел дека не бил таму.

Претходно било утврдено дека лажела и медицинската сестра која го оставила Марадона неколку часа без никаков надзор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега