Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
Германската влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа до понатамошно известување, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, во врска со планот на Израел да ги прошири своите воени операции на палестинската територија.
Ослободувањето на израелските заложници и преговорите за прекин на огнот се главни приоритети на Германија, рече Мерц, изразувајќи длабока загриженост за страдањето на цивилите во Појасот Газа.
Германија со децении е цврст поддржувач на Израел со децении, забележуваат агенциите.
08.08.2025 - 18:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа