Се ближи празникот Св.Петка - проверете што треба да направат таа вечер девојките за да го сонуваат идниот сопруг
Според календарот на Македонската православна црква во петок е Преподобна Параскева – Петковден.
Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.
Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.
Уште од порано постои верувањето дека Света Петка може на денешен ден да го претскаже идниот сопруг на секоја жена. Од личноста која го слави овој ден треба да се земат трошки од секој колач кој го исече домаќинката, а потоа да се стават под креветот. Нородот кажува дека девојката која ќе спие на тој кревет ноќеска ќе го сонува идниот сопруг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа