СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ набавката на хеликоптерите „Леонардо“ сега е добра, а бараше да биде поништена
ВМРО-ДПМНЕ повторно против себе, набавката на хеликоптерите Леонардо сега е добра, а бараше да биде поништена, реагираат од опозициската СДСМ.
-Нов ден, нов доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се што критикуваше сега го прифаќа и промовира во јавноста. Додека беше во опозиција ВМРО-ДПМНЕ бараше да биде итно поништена набавката на хеликоптерите Леонардо кои ги склучи Владата на СДСМ и министерката Петровска. Жолчно се бореа и пишуваа соопштенија со денови за денес без коментар или измена да ја прифатат во целост. Има ли ден во кој ВМРО-ДПМНЕ нема да се погази себеси?, велат оттаму.
Според СДСМ, сега на виделина изегла деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ.
-Според сите нивни постапки очигледно тоа што СДСМ го правеше било добро за државата, но не било добро за ВМРО-ДПМНЕ како опозиција. Опструкциите и постојаните напади на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција не беа ништо друго освен потреба да опструира државата и напредокот за нивна политичка корист. Деструктивноста сега излегува на виделина за секој предмет и за секој случај, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа