СДСМ: Папагалски лаги, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да лажат за Филипче

 
Лефков и ВМРО-ДПМНЕ или треба да ги докажат обвинувањата или треба да престанат да лажат за претседателот на СДСМ.  Една иста повторена или фабрикувана лага која како папагали ја повторуваат не може да стане вистина, ако на тоа се надева Лефков, велат од СДСМ. 
 
„Ова е лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ кое не се занимава со потребите на граѓаните туку со црна кампања против опозицијата. 
 
Откако Владата ја наполнија со инкриминирани кадри, од Игор Јанушев до Коце Трајановски ВМРО-ДПМНЕ и Лефков немаат никаков легитимитет да зборуваат за криминал и корупција. Половина од членовите на раководство имаат дебели криминални резимеа, од насилници до организирани криминалци. 
 
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ демонстрира голем страв кон претседателот Венко Филипче само потврдува дека СДСМ се менува во правилна насока, стои во соопштението на СДСМ.
09.07.2024 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега