СДСМ: Намалувањето на просечната плата е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

 


Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување, велат од СДСМ. 

„Намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните.

Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија.

Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во време кога семејствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот и покачени цени на производите.

Падот од 1.000 денари значи помалку средства за основни потреби, намален квалитет на живот и понизок стандард. 

Во изминатите години, СДСМ континуирано ги зголемуваше платите, дури и во време на кризи, достигнувајќи над 41.000 денари. За споредба, во 2015 година, просечната плата под ДПМНЕ изнесуваше само 20.853 денари.

Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на политиките од минатото, каде работниците беа третирани како евтина работна сила. 

Бараме од владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да преземе итно мерки за покачување на платите“, стои во соопштението на СДСМ.

23.09.2024 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега