СДСМ: Мицкоски да ги објави приватните сметки за картата и трошоците на синот
Ако Мицкоски тврди дека приватно го плати патувањето и сместувањето на синот, тогаш треба да ги објави јавно тие сметки, но и Владата транспарентно да ја објави листата од сите кои патувале на државен трошок. Еве шанса на дело да ја покажат транспарентноста која постојано ја повторуваат дека ќе биде основно начело на работење на новата Влада, велат од СДСМ.
„Ова е најмалку што може да направи Мицкоски, бидејќи за граѓаните е крајно симптоматично што самиот Мицкоски не обајви ниту една фотографија од ова патување со синот, туку тоа случајно медиумите и граѓаните го дознаа од објавата на Универзитетот Џон Хопкинс“, стои во соопштението на СДСМ.
14.07.2024 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа