САД ја проценуваат штетата на системот Патриот, ќе се увиди дали е можна поправка на оружјето

 

Русија утринава соопшти дека нивните ракети го погодиле одбранбениот систем Патриот во Киев. Сега доаѓа информација од САД, чиј официјален претставник вели дека системот Патриот произведен во САД најверојатно е оштетен, но не и уништен.

САД сè уште ја проценуваат големината на штетата, изјави неименуван претставник за Си-Ен-Ен. Проценката ќе утврди дали системот треба целосно да се повлече или Украинците можат да го поправат на лице место.

Не е јасно кој систем е оштетен

Руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека „висок прецизен удар од хиперсоничниот ракетен систем Кинжал го погодил противвоздушниот ракетен систем Патриот од американско производство во Киев“.

Украинските власти соопштија дека успешно ги пресретнале сите шест хиперсонични ракети испукани од Русите, но украинската војска одби да ги коментира руските тврдења дека системот Патриот бил погоден.

„Не можеме да коментираме за ова. Нема да коментираме за руски извори“, рече портпаролот на украинските воздухопловни сили Серхи Игнат.

Украина моментално има два системи за противвоздушна одбрана Патриот во земјата, едниот донација од САД, а другиот заедничка донација од Германија и Холандија. Не е јасно кој од овие системи е потенцијално оштетен.

16.05.2023 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега