САД испраќаат уште 250 милиони долари воена помош за Украина

 

 

САД објавија нов пакет воена помош за Украина од 250 милиони долари, кој вклучува системи за противвоздушна одбрана и артилериска муниција, опрема за деминирање и медицински возила.

Новиот пакет вклучува нова опрема за деминирање, противвоздушни ракети, артилериска муниција и системи ХИМАРС и повеќе од три милиони куршуми муниција за мало вооружување, рече државниот секретар Ентони Блинкен.

„САД и нашите сојузници и партнери ќе бидат обединети со Украина се’ додека тоа е потребно“, рече тој.

САД испратија повеќе од 43 милијарди долари воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Претседателот Џо Бајден овој месец побара од Конгресот да одобри уште една помош од 24 милијарди долари.

29.08.2023 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега