САД го советуваат Kиев да чека ново оружје и обука за контраофанзива
Неодамнешните разговори на Вашингтон со Киев за можна контраофанзива беа во контекст на обезбедување дека Украинците прво ќе посветат доволно време на обука за најновото оружје обезбедено од САД, рече претставникот.
Високи американски функционери ја советуваа Украина да се воздржи од преземање голема офанзива против руските сили се додека не заврши нова испорака на модерно американско оружје и обука за негова употреба, изјави извор од администрацијата на претседателот Џозеф Бајден.
Во разговор со мала група новинари под услов да остане анонимен, висок функционер објави дека САД цврсто се придржуваат до својата одлука да не испорачаат тенкови „Абрамс” на Украина во моментот, во исто време кога има контроверзии во германија поради испраќањето тенкови леопард во Киев.
Официјалниот претставник рече дека САД во моментов не планираат да ги испратат тие тенкови во Украина бидејќи се скапи и тешки за одржување, а германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера негираше дека берлин еднострано ја блокира испораката на тенкови леопард во Украина, нагласувајќи дека владата е подготвен да преземе чекори брзо и да ги испрати доколку има консензус меѓу сојузниците.
Неодамнешните разговори на Вашингтон со Киев за можна контраофанзива беа во контекст на обезбедување дека Украинците прво ќе посветат доволно време на обука за најновото оружје обезбедено од САД, рече претставникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа