Руте разговараше со Келог за траен мир во Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте објави дека во Брисел разговарал со американскиот специјален претставник за Украина и Русија, Кит Келог, за прашањето за траен мир во Украина.
„Задоволство ми е да му посакам добредојде на Кит Келог во Брисел. Тој денеска се консултираше со членките на Алијансата за заедничка работа за обезбедување праведен и траен мир во Украина“, напиша Руте на платформата Икс.
Тој додаде дека треба да се направи многу повеќе и дека ќе продолжи блиската соработка „за да се постигне крај на војната и трајна безбедност за сите нас“.
17.02.2025 - 22:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа