Русија забрани влез во земјата на 500 американски државјани, меѓу нив и Обама
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека поранешниот американски претседател Барак Обама е меѓу 500 американски државјани на кои ќе им биде забранет влезот во Русија, како одговор на најновиот пакет санкции објавен од Вашингтон.
Во соопштението, Министерството наведува и дека Русија го одбила последното американско барање за конзуларен пристап на уапсениот новинар Еван Гершковиќ, кој е обвинет за шпионажа, пренесува РИА Новости.
САД и нивните партнери денеска објавија дека се воведени нови санкции против Русија поради војната во Украина, со што се интензивираа најтешките санкции што некогаш биле спроведени.
Новиот пакет санкции е насочен кон механизмите и поединците кои ѝ помагаат на Русија да ги избегне санкциите, потоа идните приходи од енергетските и воено-индустриските синџири на снабдување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа