Путин и Ердоган разговараа: Русија и Турција ќе ја зајакнат економската соработка

 



Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и дискутираше за прашања од билатералната агенда, објавено е на официјалната веб-страница на Кремљ.

„Во продолжение на разговорите во Казан на 23 октомври, детално се расправаше за актуелните прашања од билатералната агенда со акцент на зголемување на ефикасноста на трговско-економската соработка“, се наведува во соопштението.

Се додава дека во врска со ова ќе следат контакти на ниво на надлежни ресорски органи.

25.11.2024 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега