Русија утрово изврши уште еден масовен напад со беспилотни летала врз Киев
Во раните утрински часови, Русија изврши уште еден масовен напад со беспилотни летала врз Киев, што е нејзин единаесетти воздушен напад овој месец, соопшти денеска воената управа на украинскиот град, а пренесува Си-ен-ен.
„Непријателот прави се за да ги погоди клучните цели во Киев и во исто време да ги исцрпи нашите ресурси за воздушна одбрана. На овој начин Русите сакаат да предизвикаат стрес кај цивилите, поради што речиси секој ден го напаѓаат Киев од воздух,“ додава украинската страна.
Алармот за воздушен напад во главниот град на Украина не се вклучи само четири дена во мај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа