Русија планира длабоки реформи во вооружените сили до 2026 година
Русија денеска соопшти дека до 2026 година ќе бидат спроведени длабоки реформи во нејзините вооружени сили, вклучувајќи промени во бројот на војници и во администрацијата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува бројот на припадници на вооружените сили да се зголеми на 1,5 милиони.
-Само со зајакнување на клучните структурни компоненти на вооружените сили, можно е да се гарантира воената безбедност на државата и да се заштитат новите региони и објекти на критичната инфраструктура на Руската Федерација, рече министерот за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со неговите заменици во министерството, со врховните команданти на вооружените сили на Русија и командантите на воените ограноци и воените области за прашањето за спроведување на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за зголемување на бројот на вооружените сили на 1,5 милиони војници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа