Роналдо не го ниту изведе пеналот, а тој веќе почна да слави (ВИДЕО)

 

Кристијано Роналдо синоќа успеа да постигне нов гол во победата на Манчестер Јунајтед против Брентфорд (3:0).

„Црвените ѓаволи“ го одиграа последниот натпревар пред своите навивачи за оваа сезона и успеаја да стигнат до нови три бода и да ги задржат шансите за пласман во Лигата на шампионите на крајот од сезоната.

Манчестер Јунајтед славеше со 3:0, а головите во синоќешната победа ги постигнаа Бруно Фернандеш, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо.

Роналдо успеа да постигне гол за 2-0 од пенал во 61. минута од натпреварот, а за Португалецот ова беше 18. гол оваа сезона од Премиершип, со што е далеку пред соиграчите.

Но, еден детал беше особено интересен синоќа. Имено, уште пред Роналдо да го изведе пеналот, неговиот соиграч Ентони Еланга веќе почна да слави.

 

03.05.2022 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега