Ристовски: Спортот е на катастрофално ниско ниво
Претседателот на централната комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот ракометар, Борко Ристовски денеска во Тетово се приклучи кон кампањата на кандидатите за советници на за предвремените избори за Совет на Тетово на 20 август. Сите имаа средба со спортските работници во регионот.
-Денеска во Тетово даваме поддршка за советничката листа. Како и на сите полиња и во спортот, државата е на едно катастрофално ниско ниво, ние како централна комисија и луѓе од спортот ветуваме дека со промената и со добивањето на поголем број на советници меѓутоа и по промената на власта кое што ја следи во Македонија за многу брзо време, ветуваме дека спортот секаде во Македонија и во Тетово ќе го вратиме на патеките на кои што беше. Да биде еден носечки столб на општеството во Македонија, нормално и во Тетово. Ветуваме дека ќе се фокусираме многу повеќе во западна Македонија, инфраструктурно, но и во инвестирање во млади луѓе затоа што сепак тие се иднината на оваа држава. Ќе се држиме до тоа, останува да дојде до промена на власт, да излеземе што повеќе луѓе да дадеме поддршка на Ангел и советничка листа за да оствариме сите заедно победа за да она што го ветиме го исполниме, изјави Ристовски.
Носителот на листата, Ангел Карапетров, порача дека ќе се залага да се надмине еден од најголемите проблеми на спортските клубови-недостигот од терени за тренинг.
-Заедно ќе гледаме да го извадиме спортот од калта во која што се наоѓа. Знаеме дека во Тетово сите наши спортски клубови имаат проблем со стадионите и со простор за тренинг. Ветуваме дека во наредниот период тие проблеми ќе ги решиме и ги надминеме, посочи Карапетров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа