Рекорден пад на наталитетот во Германија

 

 

Во последните две години наталитетот во Германија значително опадна и е најнизок од 2009 година, објави Федералниот институт за истражување на населението во Визбаден.

„Ова е невообичаено остар пад на стапката на новороденчиња, во минатото фазите на опаѓање се одвиваа многу побавно“, се вели во соопштението на Федералниот институт за истражување на населението.

Истражувачите ги наведуваат пандемијата на коронавирусот, војната во Украина и инфлацијата како можни причини за падот на бројот на родени деца.

„Во овие времиња на повеќекратни кризи многумина се откажуваат од желбата да имаат деца“, вели шефот на студијата, Мартин Бујард. Сепак, не можеше да каже дали ова е актуелен тренд или почеток на долгорочен период на намалени раѓања.

Бројот на раѓања падна од 1,57 дете на жена во 2021 година на 1,36 во есента 2023 година, што е најниска вредност забележана од 2009 година.

По 1975 година, наталитетот во Германија беше во постојан пад, со исклучок на периодот меѓу 2015 и 2021 година, кој експертите го поврзуваат со владините мерки за помош на мајките со деца, но и со доаѓањето голем број бегалци.

20.03.2024 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега