Путин праќа војници во самоубиствени напади

 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го посети разурнатиот град Бахмут во источна Украина за кој вели дека е   клучниот јазол во фронтот долг 1.300 километри и е „најжешката точка“ во војната. Според него овој фронт ја олицетворува подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги фрли своите војници во самоубиствени напади.

Во доцното ноќно видео обраќање во понеделникот, Зеленски се фокусираше на ладнокрвното непочитување на Путин на животите на неговите војници во Бахмут, истакнувајќи дека наспроти тоа руската елита ги држи своите најблиски подалеку од колежот.

„Од мај, окупаторите се обидуваат да го скршат нашиот Бахмут, но времето минува и Бахмут веќе ја крши не само руската армија, туку и руските платеници кои дојдоа да ја заменат залудно потрошената војска на окупаторите“, рече тој, додавајќи дека Русија досега изгубила речиси 100.000 војници.

Војникот на украинската армија Олександр Солонко беше еден од бранителите на Бахмут до минатата недела кога ја започна својата долгоочекувана ротација. Исто како и многу други украински борци, тој објави на социјалните мрежи за руската тактика на фрлање на сопствените војници во смрт во таканаречените „бранови месо“.

„Тие ги испраќаат своите регрути од руските затвори во самоубиствените напади кои не само што ја исцрпуваат нашата воена опрема, туку и помагаат и на инвазивната армија да ги обележи огнените позиции на Украина“, изјави Солонко.

20.12.2022 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега