Првата фотографија од кралот Чарлс по објавата дека боледува од рак
Кралот Чарлс Трети е фотографиран за прв пат откако беше објавено дека боледува од рак.
На фотографијата се гледаат кралот и неговата сопруга Камила во автомобил додека се возат кон Бакингемската палата.
Тој попладнево се врати во палатата и се верува дека со хеликоптер одлетал во Сандригам.
Скај њуз пишува дека сообраќајот накратко бил запрен пред Кларенс Хаус, нивниот дом во Лондон нешто по 15 часот и 30 минути, а покрај него поминале два црни теренци, пренесува Телеграф.
06.02.2024 - 20:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа