Пронајден е тајниот бункер на шефот на „Коза Ностра“

 

 

Италијанската воена полиција вчера пронашла таен бункер за кој се верува дека го користел Матео Месина Денаро, најбараниот италијански мафијаш, кој беше уапсен во понеделникот, по 30 години бегство.

Бункерот се наоѓа во Кампобело ди Мазара, мал град на Сицилија, каде живеел Денаро.

Инспекторите во бункерот бараат документи што ги поседува Денаро, особено големата тајна архива на Тото Рина, шефот на сицилијанската мафија, кој почина во затвор во 2017 година.

Според некои доушници од мафијашки кругови, Денаро украл документи кои наводно содржат тајни за мафијашки убиства во последните 40 години, пишува Гардијан.

Обвинителите веруваат дека Денаро има информации за некои од најгрозоморните злосторства извршени од сицилијанската мафија, вклучително и бомбашките напади во кои загинаа судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино и убиството на Џузепе Ди Матео, 12-годишниот син на мафијаш, кој беше задавен и растворен во киселина.

Во 2002 година, Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за убиство, тортура, киднапирање, бомбашки напади, перење пари и трговија со дрога.

Денаро беше уапсен во понеделникот на медицинската клиника во Палермо, каде што се лекуваше од тумор.

18.01.2023 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега