Променливо облачно, по одделни котлини магла

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој наместа ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат.

 
13.12.2023 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега