Финансиска полиција отишла дома кај раководителката на Секторот за урбанизам во Град Скопје, Арсовска вели: „Ја заплашуваат наместо да го апсат Ганиу“

 

Градоначаланичката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно се вклучи во живо на Фејсбук, овој пат пред влезот на Управата за Финансиска полиција. 

Обвини дека инспектори ја отишле дома кај раководителката на Секторот за убанизам во Град Скопје, ивана Бајкова-Шаља и ја повикале да даде исказ за одреден предмет стар неколку години. Арсовска рече дека со ова функционерите на ВРЕДИ кои се на власт вршат притисок и ја заплашуваат раководителката бидејќи на едно од претходните нејзини вклучувања во живо, кажа дека зградите дивоградби во Чаир се небезбедни и оти може да се случи уште поголема трагедија таа во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани каде загинаа 62 луѓе.

Арсовска побара од заменик-директорот на Финансиска полиција, Илбер Имери, кадар на ВРЕДИ, да одат дома кај градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, за да постапат за криминалите кои ги прави.

„Утрово по брза постапка отидовме дома кај Ивана, а кај Висар и Изет не одите. Како бе, Илбер, по дома им одите на луѓето да ги заплашувате? Ако сакате некакви информации ќе си дојдете кај нас во Град Скопје и ќе си побарате, а не по дома да им одите и да заплашувате жени. Како експресно отидовте кај Ивана, а за Вики десет дена објавувам докази за криминал и никому ништо? Што не им отидете дома на Висар и Изет за да ги донесете на разговор?“, рече Арсовска.

30.05.2025 - 19:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега