Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом

 

Финансиската полиција утрово го привела екс директорот на СОЗР Пецо Мирчевски, дознава Press24 од свои извори. Според нашите информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом. Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата. Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки.
До овој момент нема официјална потврда за оваа информација.

05.02.2025 - 11:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега