Премиерот: Одлучни сме да правиме крупни промени во образованието

 

Денеска во соработка со ИРИ, како дел од проектот за дијалог со граѓанските организации оддржавме средба со повеќе невладини организации, соопшти на социјалната мрежа Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Во објавата тој потенцира дека образованието е врвен приоритет на Владата, притоа ги повика и невладините организации да се приклучат кон овој процес за градење на попросперитетно општество.
„Образованието е столб на општеството и затоа е поставено високо меѓу владините приоритети. Без квалитетно образование, нема ниту квалитетни доктори, наставници, економисти... Одлучни сме да направиме крупни промени и го повикувам граѓанскиот сектор активно да учествува во креирањето и спроведувањето.
Заедничка обврска е да создадеме подобри услови за едукација на младите, а со тоа и подобра иднина во сопствената земја“, напиша премиерот на ФБ.

25.10.2024 - 17:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега