Прегазен пешак на „Теодосиј Гологанов“, возачот избегал
Педесет и двегодишен маж бил прегазен на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по што возачот го напуштил местото на несреќата.
-На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа