Путин: Подготвени сме да ги скратиме воените буџети за 50 отсто заедно со Америка
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да разговара со САД за можноста за намалување на буџетот за одбрана.
Путин посочи дека намалувањето на трошоците за 50 отсто би било добра идеја, што може да направи значителен чекор кон намалување на воениот буџет и негово фокусирање на други приоритети, пренесуваат медиумите во регионот.
Путин ја коментираше војната во Украина, велејќи дека Доналд Трамп сака да ја подобри „политичката ситуација“, но додаде дека таков обид повеќе и користи на Украина отколку на Русија. Рускиот претседател ги осуди и актуелните европски лидери, посочувајќи дека тие се „посветени на режимот во Киев“ и не можат да се „мрднат“ од оваа позиција без да го изгубат образот.
Тој конкретно се осврна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, наведувајќи дека Русија и САД „сакаат да постигнат мир во Украина што е можно поскоро“, но дека активностите на Зеленски ја спречуваат таа цел, според написите.
Путин истакна дека украинскиот претседател „се натера во ќорсокак“ со забраната за преговори со Русија, што, според него, го отежнува постигнувањето мир во регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа