Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ донираа парични средства за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ја покажува својата безрезервна поддршка за нашите сограѓани во најтешките моменти, информираат пратениците.

-Сите пратеници донираа парични средства на Сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ, со цел да помогнат на настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

Број на сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
Банка: АД Комерцијална банка
Назнака: Помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

Оваа донација е израз на нашата посветеност кон народот и вербата дека само заедно можеме да ги надминеме предизвиците. Ги повикуваме сите кои се во можност да се приклучат во духот на хуманоста и солидарноста, стои во нивното соопштение.

21.03.2025 - 20:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега