Повредени се 4 лица: Тешка сообраќајка во Македонија

На 25.09.2024 во 00.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Мавровска крстосница – Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од АФ.(23) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(33) од Дебар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Д.(22) од Дебар, сопатничка во возилото „ауди“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „ауди“ – С.Ф.(44) од Тетово, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид и во Медицински центар во Гостивар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

25.09.2024 - 19:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега