ДУИ: Мицкоски не може вака да владее - тоа не навредува
Премиерот Мицкоски ги навреди Албанците со пораката до пратеникот Халил Снопче смета пратнеикот на ДУИ, Арбр Адеми.
“Тоа е сериозна изјава, кога премиерот јасно кажува дека не се грижи за тебе и ти ја покажува вратата, ти вели да си одиш, ти посакува среќа. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека таков со таков пристап, со уцени и условувања, ароганција покажување на мускули и надменост не може да владее во Македонија во 2024. Албанците се една третина во оваа држава и тие навреди до господинот Снопче не се адресирани само до него. Тие ме навредуваат и мене како и сите Aлбанци“ – изјавил Арбр Адеми за ТВ21
Премиерот Мицкоски вчера му посака среќа на Снопче доколку неговата партија реши да ја напушти Владата. Сонпче и Таравари утрово ја смируваат топката коментирајќи дека владата е стабилна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа