Повеќе од 100.000 луѓе протестираа против владата на Нетанјаху

 

Повеќе од 100.000 луѓе протестираа вчера во Тел Авив против новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, според полициската проценка.

Демонстрантите, кои актуелната влада на Нетанјаху ја сметаат за најдесна влада во историјата на државата, се собраа трета сабота по ред на неколку локации во градот.

Собраните носеа транспаренти како „Сопрете го укинувањето на демократијата“ или оние на кои на сликата на Нетанјаху пишуваше „криминалец“. На протестот беше и поранешниот премиер Јаир Лапид.

„Сакаат да не претворат во диктатура и да ја уништат демократијата“

„Помали протести имаше и во Ерусалим, Хаифа и Бершеби.

Демонстрантите главно протестираа против владините намери да се реформира праводусниот систем.

Планот, за кој владата тврди дека е нужен за да се намалат овластувањата на активистичките судии, предизвика жестоко противење на опозициските групи, адвокатската комора и бизнис заедницата и ги продлабочи поделбите во и онака поделената земја.

„Сакаат да не претворат во диктатура и да ја уништат демократијата“, рече челникот на израелската адвокатска комора Ави Чими. „Нема демократска земја без правосудна контрола“.

Противниците на реформите велат деа со неа се поткопува малцинството и се отвора вратата на корупцијата

Нетанјаху ги отфрла обвиненијата и тврди дека протестите ги започнала опозицијата која не може да ги прифати резултатите од изборите во ноември.

Демонстрантите велат дека владата сака да ја зајакне политичката контрола над именувањето на судиите и да ја ограничи моќта на Врховниот суд да ги поништи владините одредби или законите усвоени во парламентот.

Покрај тоа што со тоа би се заканиле на независноста на судиите и би ја ослабнало контролата над владата и пралмантот, противниците на реформата велат дека со неа се поткопуваат правата на малцинствата и се отвора вратата на корупцијата.

„Се борме за демократија“, рече 64-годишниот демонстрант Амнон Милер. „Се боревме со оружје за својата земја и нема да дозволиме на оваа влада да ни ја земе таа слобода“.

Нетанјаху застана зад реформите

Нетанјаху кому му се суди за корупција, застана зад реформите утврдувајќи дека ќе направи правилна рамнотежа меѓу трите гранки на власта.

Политичарите долго време обвинуваат дека со Врховниот суд доминираат левичарски судии кои од политички причини често задираат во подрачје каде немаат овластувања.

Бранителите на судот тврдат дека има витална улога во надзор на владата воземјата која нема формален устав.

 


22.01.2023 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега