Потресен статус: "Душите на семејствата им прегореа од мака, им изгореа со саканите"
Професорката Татјана Алексиќ на својот Фејсбук профил напиша потресен статус за трагедијата во Кочани, во која за жал животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени, откако пожар избувна во дискотеката Пулс, каде кобната вечер настапувале ДНК.
- Господ да им даде сила на најблиските на починатите, физички да ја издржат болката. Душите им прегореа од мака, им изгореа со саканите. Живи луѓе со мртви души. Да тихуваме и да се молиме за сите нив. Повредените да закрепнуваат, преживеаните да зајакнуваат. Достоинствено да тагуваме, поинаку и не се може со скршени срца, напиша таа.
Таа напиша пост и за Андреј од ДНК кој го загуби животот во пожарот.
-Има едни луѓе, многу ретки. Луѓе кои што се раѓаат хумани и живеат како херои, без да знаат... Ниту се фалат, ниту се перчат со хумани дела затоа што хуманоста им е ДНК, живеат со неа. Тие луѓе влегуваат во оган без да мислат на себе. Хуманоста е фатална по нив. Да се спасиш и да се вратиш во пеколот за да спасуваш други треба да си божје чедо, човек Бог. Ако утре ве нема, делата ќе ви живеат. Слава им!, напиша таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа