Поради шумските пожари во Канада, небото над Њујорк стана портокалово
Поради чадот што се шири од стотиците шумски пожари во Квебек, Канада, воздухот во Њујорк вчера беше најзагаден во светот, а денеска небото над Менхетен стана портокалово.
Чадот од шумските пожари во Канада периодично ги зафаќа североисточниот и средниот Атлантик повеќе од една недела, предизвикувајќи загриженост за лошиот квалитет на воздухот.
Индексот за квалитет на воздухот го достигна својот врв на мерната станица „IQair“ во вторникот и беше оценет како „нездрав“ за ранливите групи како што се постарите лица, малите деца и оние со респираторни проблеми.
Во вторникот, концентрацијата на PM2,5 во воздухот во Њујорк беше повеќе од 10 пати поголема од упатствата поставени од Светската здравствена организација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа