Појасот Газа под силно бомбардирање
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека за три часа извршиле 130 воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа.
– Во текот на изминатите 24 часа, авионите на воздухопловните сили извршија опсежни напади долж и низ Појасот Газа, предизвикувајќи хаос меѓу терористите на Хамас, се наведува во соопштението на ИДФ.
Западните медиуми јавија дека има континуирано бомбардирање на една минута. Експлозии одекнува и низ Ашдод, град на околу 35 километри северно од енклавата.
Во исто време, ракети продолжија да се истрелуваат од Појасот Газа, иако во многу помал број и беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа