Подгответе се: Утре повеќе скопски улици ќе останат без вода

 


Во понеделник ќе има прекин на водоснабдувањето на повеќе улици во Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје (РЦУК-Скопје).

„На 21 октомври 2024 година, понеделник, поради дефект на затворач (шибер) Ф80мм, на улица Римска 3, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Римска, Дрезденска, Њуделхиска, Панче Пешев, Наум Евро, Алжирска, Каирска и дел од улиците Анкарска, Атинска и од следните објекти – ОУ Војдан Чернодрински и градинката Мајски Цвет“, соопшти РЦУК-Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

20.10.2024 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега