Подгответе се: Утре нестабилно со пороен дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Од УХМР додаваат дека долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер.

Во четврток нестабилноста ќе се намали и особено претпладне ќе има услови за локална изолирана нестабилност, а ќе продолжи да дува засилен северен ветер Повардарието и во источните делови. Дневната температура преодно ќе опадне и посвежо ќе биде во четврток и петок.

Во Скопје утре променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината со појава на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

23.07.2024 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега