Пике не го испочитува договорот што го имаше со Шакира: Фудбалерот отиде чекор напред со нова девојка

Раскинувањето на Шакира и Пике сè уште ја интригира јавноста, а нивната приказна сега има ново продолжение.

Медиумите пишуваа дека фудбалерот не и бил верен на пејачката за време на долгогодишната врска, а дека врската со неговата нова девојка Клара Чиа Марта била само една од причините поради која нивната љубов завршила.

Откако раскинувањето на Шакира и Пике стана познато во јавноста, фудбалерот првично ја чуваше во тајност врската со новата девојка, а неодамна почна да се појавува со неа и на јавни настани, а говори и фактот дека нивната врска доби сериозна нота со тоа што Клара поминува време со децата на Пике кои ги доби додека беше во врска со Шакира.

Светските папараци ги фатија Пике и Клара со синовите Милан и Саша како поминуваат време во природа.

Странските медиуми пишуваат дека колумбиската пејачка наводно на својот поранешен партнер му поставила ултиматум да не се појавува во јавноста со новиот партнер една година по нивното раскинување.

Пике очигледно не го почитува тој договор, оценуваат многу портали, а тоа што ги запознал децата со Клара е нов доказ за сериозноста на таа врска, а има и индиции дека момчињата живеат со својот татко и неговата нова девојка.

Поранешните партнери се караат за старателството над синовите, а нивната неодамнешна средба во Барселона по тој повод заврши многу бурно и без договор, па во оптек се различни сценарија. Шакира сака да ги однесе децата во Мајами, со што Пике воопшто не се согласува.

Да потсетиме, пејачката и фудбалерот беа во врска 12 години. Пред неколку месеци се дозна дека излегува со студент кој работел во продуцентската куќа на Пике. Неодамна ја следеше на Инстаграм на профил кој извесно време беше неактивен.

14.10.2022 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега