Пијан Албанец во Германија ја убил екс сопругата

 

 

Во германскиот град Маркдорф, денеска 47-годишен Албанец отишол на работното место на поранешната сопруга и ја убил.

Јавното обвинителство во Констанц и полицискиот штаб во Равенсбург во заедничко соопштение соопштија дека полицијата го уапсила убиецот и тој се наоѓа во притвор, јавуваат германските медиуми, пренесува Танјуг.

Во соопштението се додава и дека е формирана истражна група за расветлување на ова кривично дело.

Полицијата се сомнева дека има сведоци на злосторството, но дека го напуштиле местото пред да пристигне полицијата и апелира секој што видел нешто да се пријави.

Според информациите, мажот пукал во 44-годишна жена додека бил под дејство на алкохол, а жртвата починала на лице место.

22.01.2023 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега