Петмина Турци уапсени во Гостивар: Нелегално престојувале во Македонија

 

Петмина турски државјани се уапсени вчера во Гостивар поради непријавено присуство во државата.

-Вчера во 21.00 часот  на улица ,,Кочо Зози" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле С.Д.(18), А.Ф.Б.(21), А.Е.З.(19) и Б.Р.(22), сите четири од Република Турција затоа што при извршена проверка било констатирано дека непријавено престојувале во државата. Тие се задржени во полициска станица за понатамошна постапка, велат од МВР.

16.11.2024 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега