Пет пожари активни во Македонија, еден е под контрола

Во текот на денешниот ден, до 14:00 часот, има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола е 1 и изгаснати се 3, информираат од ЦУК.

Пет пожари се активни: Општина Чашка: Планина Мукос, с.Степанци и м.в.Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени и жариште Ореов Дол према Кадиица (мешана шума);

Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (нискостеблеста шума и сува трева);

Општина Студеничани 1: над с.Црвена Вода, м.в.Крста (ниска вегетација и нискостеблеста шума);

Општина Студеничани 2: с.Љубош – с.Горно Количани кај каменолом Вртекица (ниска вегетација);

Општина Лозово: с.Дурфулија – с.Каратманово (борова шума);

Под контрола е еден пожар според ЦУК:

Општина Охрид: планина Галичица, Општина Охрид и Општина Ресен (чадење во внатрешноста);

Три пожари се изгаснати: Општина Струга 1: с.Драслајца (3 ТППЕ)(сува трева); Општина Струга 2: с.Добровјани (3 ТППЕ) (сува трева); Општина Куманово: Споменик Костурница (3 ТППЕ) (сува трева);

 
29.08.2024 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега