Песков: Германија подготвува напад на руска територија


Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков изјави дека според неодамна објавената аудио снимка, очигледно е дека Германија подготвува напад на руска територија и праша дали на германскиот канцелар Олаф Шолц му е наложено тоа.

Минатата недела руските медиуми објавија аудио снимка од состанок на високи германски воени функционери на кои се разговарало за оружје за Украина и за потенцијален напад од Киев на мост на Крим, пренесува Ројтерс.
Самата снимка покажува дека во Бундесверот се води суштинска и конкретна дискусија за плановите за напад на руска територија. Ова не бара никакво правно толкување. Тука сè е повеќе од очигледно“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој посочи дека не е јасно дали Бундесверот тоа го прави самоиницијативно и се поставува прашањето колку вооружените сили се вклучени и колку Шолц ја контролира ситуацијата и дали тоа е дел од политиката на германската влада.Тој рече дека и двете сценарија се „многу лоши“.

„Двајцата уште еднаш го нагласуваат директното вклучување на земјите од колективниот Запад во конфликтот во Украина“, додаде Песков.

Германија соопшти дека го истражува инцидентот, кој го опиша како „очигледно прислушување од страна на Русија“.

„Инцидентот е многу повеќе од прислушување и објавување разговори. Тоа е дел од информациската војна што ја води Путин“, изјави вчера германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

04.03.2024 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега