Пеколно утро во Македонија: Скопје „гори“ уште во 8 часот

 


Топлотниот бран што ја зафати Македонија се чувствува уште од раните утрински часови, со екстремно високи температури измерени низ земјата. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрово во 8 часот термометрите покажуваа загрижувачки бројки.

Најтопло беше во Скопје-Петровец со измерени 27.9 степени Целзиусови. Веднаш по него следат Крушево со 27.6 степени и Гевгелија со 27.2 степени Целзиусови.

Единствено место со посвежо утро е Берово, каде температурата во 8 часот изнесувала 19 степени Целзиусови.

Овие утрински температури најавуваат уште еден пеколен ден низ земјава, со очекувани дневни максимуми кои ќе достигнат и над 40 степени.

27.06.2025 - 09:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега