Парламентот го пречека Орбан со „Чао бела“, претседателката пресече „Не сте на Евровизија“
Илегалната миграција води до раст на антисемитизмот, насилство врз жените и ширење на хомофобијата во Европската Унија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на презентацијата на унгарското претседателство во Европскиот парламент.
„Европската Унија мора да се промени и денес сакам да ве убедам во тоа“, ја почна Орбан презентацијата на унгарското претседателство со Европската Унија, кое трае до крајот на годината, и предупреди дека Европа се соочува со можеби најсериозниот момент во својата модерна историја.
Тој во својот говор не ја спомна Украина осврнувајќи се на таа земја дури по реакциите на парламентарците велејќи дека Европа е на пат кон пораз во војната во Украина и дека води погрешна политика кон тој конфликт. „Мораме да зборуваме за примирје и да имаме поинаква стратегија или сите ќе изгубиме“, рече тој.
„Ние не сме членка на ЕУ поради тоа што таа е, туку поради тоа што може да биде“, нагласи Орбан, а еден ден откога на прес-конференција рече дека ќе ја прослави победата на Доналд Трамп на изборите во САД со неколку шишиња шампањ, тој го заврши својот говор со парафраза на својот слоган: „Да ја направиме Европа повторно голема“.
Претставниците на левицата го пречекаа неговиот говор пеејќи ја антифашистичката песна „Бела, чао“, на што реагира претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, предупредувајќи ги дека не се на Евровизија.
Parte del Parlamento Europeo canta el Bella Ciao después de la intervención de Viktor Orbán en Estrasburgo.
Metsola: “Esto no es Eurovisión” ni La Casa de Papel, “respeten la dignidad de esta casa” pic.twitter.com/b8oh6monTT— Beatriz Navarro (@beanavarro) October 9, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа