Паника на летот до Крит: Експлозија во ташната на Британка ја наполни кабината со дим

 

Вистинска драма се одвивала вчера на летот од Крит, кога дошло до експлозија во авионот.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, електронска цигара експлодирала на летот на EasyJet од Ираклион до Лондон додека била во полнач.

Во авионот настанала паника откако одекнала експлозија и кабината почнала да се полни со чад. Како што изјавија патниците за DailyMail, се слушнала силна експлозија.

„Потоа видовме чад, нешто црвено светна, а потоа видовме пламен и многу чад“, велат патниците.

Еден од патниците рекол дека, непосредно пред експлозијата, слушнал друг патник како вика: „Што е тоа? Што е тоа?!“.

„Врискаа: „бомба, бомба, излези брзо“, раскажа една патничка детали од драмата и додаде дека жената која имала електронска цигара во чантата почнала да мавта кога чадот и излегол од чантата.

Друг патник тврди дека жената, за која се вели дека е Британка, се обидела да излезе од авионот, барајќи од другите патници да се потргнат. Меѓутоа, кога чантата се запалила, таа ја фрлила на патеката меѓу седиштата.

„Од торбата излегуваа оган и чад, потоа се слушнаа звуците на експлозијата и чадот почна да ја исполнува кабината“, сведочат вознемирените патници.

EasyJet потврди дека авионот на летот EZY8216 од Ираклион до Лондон бил евакуиран, бидејќи за време на качувањето избувнал пожар во торбата на еден од патниците.

„Пожарникарите влегоа во леталото, а персоналот ги евакуираше патниците според протоколот“, соопшти компанијата.

 

18.09.2024 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега