Отворање на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“

 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска напладне ќе се обрати на официјалното отворање на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, дигитален проект што Титан-Усје го реализира заедно со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, во просториите на Титан-Усје.

Како што соопштија од Министерството за образование и наука, со проектот што ќе биде презентиран во просториите на Титан-Усје, во Скопје, ќе бидат опфатени сите основни училишта од Општина Кисела Вода, а учениците ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини од СТЕМ (математика, технологија, инженерство и техника) науките.

13.02.2025 - 08:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега