Османи за намалувањето на функционерските плати: „Јас живеам само од оваа плата и важна ми е“
На првиот човек на македонското МНР, Бујар Османи како да не му се допаѓа идејата за намалување на функционерските плати, кои беа зголемени за 78% во март годинава.
„Обично не сакам да бидам популист на оваа тема, затоа што, како што кажав еднаш, не мислам дека е за фалење кога политичари велат не ми е важна платата, затоа што со тоа како да кажуваат не живеам од плата“, изјави денеска Османи по најавите за корекција на платите на функционерите.
„Јас живеам само од оваа плата и ми е важно. Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната. Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание“, изјави Османи.
Во следниот период ќе се бара решение за кратење на фунцкионерските плати кои во април пораснаа за 78 отсто, но по некoлку месеци Владатa одлучи овој скок да го корегира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа