Орбан: Време е ЕУ да го исполни ветувањето за Балканот од пред 20 години
Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа говор во Европскиот парламент и се осврна на ситуацијата во Европа и испрати низа пораки до претставниците на Брисел.
Во воведниот дел од говорот Орбан рече дека дошол во Европскиот парламент да алармира.
„Европската Унија мора да се промени. Порано не беше лесно, но денес нашата работа е многу потешка. Ситуацијата во Унијата денес е посериозна отколку во 2011 година. Во Украина има војна, а имаме и конфликти во Африка и Миграциската криза доби димензии невидени од 2015 година, а нам ни се заканува и колапс на Шенген зоната Во меѓувреме, Европа ја губи својата глобална конкурентност“, рече Орбан.
Тој рече и дека ЕУ мора да претрпи промени.
„Нашата унија мора да се промени. Унгарското претседателство сака да биде гласот на промените, негов катализатор. Економскиот раст на ЕУ е постојано побавен во споредба со САД и Кина. Нашиот удел во светската трговија се намалува. Зелената транзиција не нуди решение на симптомите на енергетската криза“, рече унгарскиот премиер.
После тоа, тој се осврна на прашањето за миграцијата.
„Да не се лажеме, миграциската политика не функционира. Илегалната миграција донесе зголемување на антисемитизмот, хомофобијата и насилството врз жените“, рече Орбан, што наиде на аплауз од фракцијата „Патриоти на Европа“ во Европскиот парламент.
Орбан дел од својот говор посвети и на безбедноста на Европа.
„Политиката за проширување е исто така важен дел од унгарската програма. Според Орбан, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е клучно прашање. Посебно внимание мора да ѝ се посвети на Србија, бидејќи Балканот не може да се стабилизира без нејзино вклучување. Неколку земји ги исполнуваат потребните услови за приклучување, но има недостиг од политичко дејствување. ЕУ им даде ветување на овие земји пред 20 години. Време е тоа да го исполни“, нагласува унгарскиот премиер.
На крајот, Орбан испрати порака која е многу слична на фразите што ги користи републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа