ФОТО: Заев наполни 50 години - вчера славеше роденден, а дувна и свеќи

 

Поранешниот премиер Зоран Заев вчера ги дувна свеќичките за јубилејниот роденден.

Наполни 50 години, и направи забава за пријателите и семејството.

За журката која се одржуваше во струмички ресторан задолжен беше познатиот српски пејач Дарко Филиповиќ.

Од фотографиите кои ги споделија најблиските на Заев преку социјалните мрежи се гледа дека тортата била во вид на кацига, а ако се земе предвид фактот дека некогашниот опозициски лидер обожува да вози мотори и не треба да не чуди што одлуката да биде тортата со таков мотив .

09.10.2024 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега