Орбан: На ЕУ и треба секој цент, а ние испраќаме милијарди евра во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина не може да се запре со „мировен план“ и чекање нешто да се случи.
„Прво, мора да има итен и безусловен прекин на огнот“, нагласи Орбан на конзервативниот фестивал Транзит во унгарското село Тихани.
„Првата грешка на Европа беше глобализацијата на оваа војна. Единствената земја која на денот на избувнувањето на војната рече дека треба да се локализира е нашата. Стратегијата на Западот е Украинците да се борат и да гинат, а ние да им даваме пари, информации и оружје“, рече унгарскиот премиер.
Тој ја спомена и „значајната цена“ што Унгарија и целата Европска унија ја плаќаат за поддршката на Украина.
„Веќе испративме 70 милијарди евра, а сега разговараме дали да испратиме уште 50 милијарди евра, додека на ЕУ и треба секој цент за да ја врати својата конкурентност“, рече тој. Инаку, унгарскиот министер Гергели Гуљас вчера изјави дека украинската контраофанзива не донела „никакви значајни резултати“ и дека ставот на Будимпешта за преговорите е оправдан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа