Официјално:Хамилтон заминува од Мерцедес во Ферари
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон по завршувањето на сезоната 2024 ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари, потврдија германскиот и италијанскиот тим.
„Мерцедес и Луис Хамилтон ќе ја прекинат соработката на крајот на 2024 година. Луис ја активираше клаузулата во договорот кој беше потпишан минатата година“, се вели во соопштението на Мерцедес.
Само неколку минути подоцна, Ферари потврди дека Хамилтон потпишал повеќегодишен договор со почеток во 2025 година.
Британецот освои 90 од рекордните 103 победи како возач на германскиот тим, а во период од 11 сезони забележа вкупно 148 подиуми, со 78 пол-позиции.
Од друга страна, Ферари е без титула од 2007 година, кога на тронот на Формула 1 беше Кими Раиконен. Меѓу другите, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел и Шарл Леклер останаа со кратки ракави во борбата за титулата како возачи на италијанскиот тим.
Преселбата на Хамилтон во Ферари целосно ќе ја отвори ситуацијата околу преодниот рок во Формула 1. Како главен кандидат за замена на Британецот се споменува Алонсо, додека Саинц неочекувано остана без место. Она што е познато е дека Џорџ Расел има договор со Мерцедес до крајот на следната сезона, дека Макс Верстапен е врзан за Ред Бул до 2027 година, како и Ландо Норис со Мекларен.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 започнува со Големата награда на Бахреин на 2 март.
Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team and Lewis Hamilton will part ways at the end of the 2024 season. Lewis has activated a release option in the contract announced last year.
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 1, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа